Пред околу 10 години, кафеавиот шеќер се сметаше за поздрава верзија на шеќер. Оттогаш се водат бројни полемики за тоа дали кафеавиот шеќер е здрав или не, а свое мислење даде и нутриционистката Ведрана Дучкиќ, пишува Живим.

Кога гледаме од здравствен аспект помеѓу консумирање бел и кафеав шеќер, нема разлика. Нема значителни разлики во однос на енергијата и хранливата вредност. Понекогаш се наведува дека кафеавиот шеќер има повеќе минерали, но овие количини се навистина занемарливи. Потрошувачкиот шеќер не е извор на минерали и не можеме да го гледаме како извор на хранливи материи, туку извор на чиста енергија и „празни“ калории. Ниту кафеавиот ниту белиот шеќер всушност немаат нутритивни вредности – рече Дучкиќ.

Таа додава дека единствената разлика може да биде поврзана со гурманското искуство.

Со оглед на тоа што вкусот на кафеавиот шеќер е поинтензивен, тој има предности во готвењето, а според некои е попривлечен по боја. Значи, станува збор само за неговиот вкус кој можеби има предност во однос на белиот шеќер, но од здравствен аспект не е поквалитетен – објасни таа.