Ако сте од оние кои се превртуваат на креветот цела ноќ, без можност да заспиете, тогаш ова е вистинскиот текст за вас.
Научните истражувања покажаа дека врз сонот влијае она што го јадеме за вечера:
–Нема храна што ќе биде толку магична за да нè стави во состојба на безбеден сон. Сепак, можеме да го подобриме квалитетот на ноќниот одмор со јадење најмалку 2 часа пред спиење, тврди нутриционистката Џесика Кец од Њујорк, пренесува elle.rs .
Лекарката откри и што е добро да се земе пред спиење: Семето чиа, ореви и протеини позитивно влијаат на спиењето. Исто така, оброците со кафеав ориз се одлични ако страдате од несоница. Комбинирајте храна богата со аминокиселини преку, на пример, авокадо, бидејќи е богато со магнезиум, што им овозможува на мускулите да се релаксираат.
Ако не можете да јадете два часа пред спиење, тогаш она што го јадете наутро за појадок треба да го јадете навечер:
– Овесна каша со банана е една опција, исто така се препорачува и топла чаша млеко. Важно е да се држите настрана од храна богата со кофеин и вештачки шеќер – рече лекарката која го спроведе ова истражување.