Некои од нас при првото станување од кревет се фаќаат за шоља со кафе, други пак, кафето го одложуваат за подоцна.
Ќе слушнете различни совети во текот на животот, некои се дека луѓето кои пијат кафе на празен стомак прават штета на здравјето, а други советуваат сосема спротивно.
Но што е вистина, дали кафето се пие на празен стомак?
Кафето дефинитивно не се пие на празен стомак, но додека сметате дека прво треба да го изедете појадокот, па потоа да пиете кафе, таа теорија ви е сосема погрешна.
Пред кафето треба да испиете 1-2 чаши вода, бидејќи по спиењето вашиот организам се празни од вода.
Вие не внесувате вода додека спиете, а таа е неопходна за сите животни процеси меѓу кои и дишењето.
Па така водата се троши од организмот, а не се внесуваат нови доволни количини што може да предизвика колабирање доколку згора на тоа испиете и кафе што е општопознат диуретик.
Советот е да не пиете кафе по, туку пред појадокот, но задолжително да внесете неколку чаши вода, пред да посегнете по првото утринско кафе!