Многу луѓе, откако ќе се напијат кафе, едноставно мораат веднаш да одат во тоалет.

Некои веруваат дека се работи за природа, а други се плашат дека не е здравствен проблем. Затоа, научниците од Универзитетот во Тексас спроведоа истражување на оваа тема.

За време на нивното истражување, тие на стаорците им давале кафе три дена, што ја стимулирало подвижноста на цревните мускули, без разлика на дозата на кофеин.

Кај стаорците по три дена консумирање кафе се зголемила подвижноста на мускулите на тенкото црево. Тоа значи дека стаорците, исто како и луѓето, морале да вршат нужда после кафе.

Дури и бројот на бактерии во нивниот измет е намален. Интересно е што овие ефекти се независни од кофеинот, бидејќи кафето без кофеин имало сличен ефект врз нивното варење, изјави главниот автор на студијата Шуанг Женг Ши за британскиот „Мирор“.

Се претпоставува дека лаксативното дејство на кафето се должи на неговите кисели својства. Докажано е дека повисоките нивоа на желудочна киселина, кои се формираат благодарение на хлорогената киселина од кафето, ја активираат работата на дигестивниот систем.

Затоа, следниот пат кога кафето ќе ве натера да го посетите тоалетот, знајте дека е до кафето и дека се е во ред со вашето здравје.