На зелените пазари невообичаено високи за овој период од годината. Високите откупни цени, но и намаленото производство на земјоделски производи влијаеја врз понудата и цените на мало.

Земјоделците велат дека годинава градинарските култури поради неизвесноста и ниските откупни цени се засадени на многу помали површини. Недостатокот на пазарите годинава се надополни со увоз од Албанија и Турција.

И граѓаните реагираат на високите цени, велат дека килограм домати во лето никогаш не биле повеќе од 60 денари, а годинава среде сезона се продава за 80 денари, а иста е и цената на пиперката, додека ништо повтини не се краставиците.

Граѓаните годинава се изненадени од високите цени на земјоделските производи. Велат дека цело лето доматите не се спуштија под 60 денари за килограм, а изминатите години овој период биле минимум за 50 отсто поевтини.

Освен градинарските производи земјоделците од Струмичко годинава се жалат и на ниските откупни цени на бостанот. Бостанот се откупува од денар и половина до два денари, а на зелените пазари се продава од 10 до 20 денари за килограм.

Годинава производителите имаа и големи штети од невремето со град што пред еден месец го зафати овој регион. Градот уништи голем дел од производството стасано за зреење, а влијаеше и на квалитетот на родот.