Многу модни експерти се согласуваат дека црната чанта треба да има моден статус исто како мал црн фустан, бела кошула и длабоки фармерки.

Речиси секоја дама обожава црни чанти, бидејќи лесно се комбинираат со други работи и можат да се носат речиси во секоја пригода.

Моментално најпопуларни се помалите со комбинација од метални и кожни рачки, но на дамите подеднакво им се допаѓаат и поголемите со интересни детали.

  • Спортска елеганција

Комбинација која никој не можеше да ја замисли до пред неколку години – тренерка и елегантна чанта? Сега можете да го комбинирате и тоа.

Овој тренд пред неколку години го започна популарната пејачка Ријана кога на еден настан се појави во тренерки и високи потпетици, а сето тоа го украси со мала црна чанта.

  • Комбинација за секој ден

Црната чанта ќе ви стане омилен моден додаток, бидејќи нема да мора да префрлате шминка, клучеви и пари во друга чанта, туку само да ја смените комбинацијата и таа ве чека.

  • Незаменлив дел од деловниот стајлинг

За совршен деловен стајлинг кој зрачи со елеганција и женственост ви треба навистина малку, а тоа се карираниот капут кој е во тренд оваа сезона, фармерките и црната чанта како совршен моден додаток кој ќе го комплетира овој стајлинг.