Ако сте подготвени – прочитајте ја приказната за Тараре, ненаситен човек кој јадеше буквално се, од човечко месо до живи мачки.

Познат само како Тараре, роден околу 1772 година, човекот со нереален апетит бил војник во француската армија во 1970-тите.

Војската му ги зголемила оброците за четири пати, но дури и кога ја добил количината на храна што можела да нахрани четири лица, тој сепак јадел купишта отпад што добро би му дошле.

Можеби најчудниот факт од се беше тоа што изгледало дека секогаш гладувал.

За двајца воени хирурзи, д-р Кервил и Барон Персија, Тараре бил премногу фасцинантен за да го пушти да си оди. Сакале да знаат сè за тој чуден човек кој можел да јаде количка од храна, а сепак да биде гладен.

Кој бил Тараре?

Човек кој голтнал цели мачки

Тараре цел живот имал необичен апетит. Тој бил толку ненаситен што неговите родители го избркале од дома како тинејџер бидејќи не можеле да си дозволат толку многу храна.

Потоа го продолжи животот како патувачки шоумен.

Тој влегол во група проститутки и крадци, кои: додека се изведувала претставата на сцената, ја краделе публиката. Тараре бил една од ѕвездите на програмата: неверојатен човек кој можел да јаде речиси сè.

Проголтувал тапи, камења и живи животни – цели, и сето тоа на негово задоволство, но и на згрозување на публиката.

Со забите фатил жива мачка, и ја цицал крвта и ја изел, оставајќи само гол скелет. Јадел кучиња на ист начин. Се зборува дека еднаш проголтал жива неизџвакана јагула.

Лабава кожа и неверојатна смрдеа

Тараре бил целосна енигма за хирурзите. Иако на 17 години имал само 100 фунти во џебот и јадел живи животни и ѓубре – на прв поглед бил здрав. Изгледл како млад човек со необјасниво огромен апетит.

Самиот изглед на неговото тело, како што можело да се очекува, не била пријатна глетка. Кожата на Тараре би можела да се истегне до неверојатни размери за да може целата храна да ја собере во неа.

Додека јадел, изгледал како балон, особено во пределот на стомакот. Лекарите го опишале тоалетот зад него како „одвратен“.

Откако ќе се испразнел, кожата на стомакот ќе се опуштела толку многу што ќе можел да ја врзе околу половината, а кожата на образите ќе му паднела како уши од слон.

Земањето толку многу храна создавала и неподнослив мирис. Лекарите во неговата медицинска документација напишале дека понекогаш и на растојание од дваесет чекори не ја поднесува смрдеата.

Телото му било жешко на допир, а потта мирисала на канализација, напишаа тие. Околу него секогаш имало облак од смрдеа што речиси можело да се види.

Обдукцијата на Тараре

Четири години подоцна, баронот Перси ја добил веста дека Тараре се појавил во болница во Версај и дека умира човек кој можел да јаде буквално се. Тоа била неговата последна шанса да го види жив овој човек, кој бил медицински феномен што шета.

Барон Перси бил со Тараре кога умрел од туберкулоза во 1798 година. Сите ужасни мириси кои Тараре ги давал додека бил жив не можеле да се споредат со смрдеата што почнала да се шири кога умрел. Непријатни мириси ја исполниле секоја педа од собата.

Утробата била во состојба на гнилост, потопена во гној; црниот дроб бил претерано голем, без конзистентност и во состојба на гнилост; жолчното кесе било со значителна големина…, пишувало во редовите на креираниот документ.

Можеби лекарите ќе дознале повеќе за чудната состојба на Тараре – но смрдеата станала толку силна што дури и баронот Перси се откажал. Лекарите ја прекинале обдукцијата на половина бидејќи не можеле да издржат ни секунда подолго.