Според последните информации во Србија, во последните 24 часа короната е потврдена кај 404 лица од 9.581 тестирани. За жал, уште едно лице починало, а во моментов на респиратори има 16 пациенти со Ковид.

Да потсетиме, вчера кај нас имало 239 заразени со корона, три лица починале, а 12 од нив биле на респиратор.

 Короната ќе трае уште 100 години

Епидемиологот и член на Кризниот штаб д-р Предраг Кон во „Уранак“ на телевизија К1 изјави дека корона ќе остане уште сто години, а можеби и подолго, во човештвото Кон рече дека ќе се појават нови верзии на вирусот, што ќе предизвика нови пандемии.

Ќе живееме со короната во следните сто години, а можеби и подолго, рече Кон и додеде дека короната ќе добива нови различни верзии.