Викендот е период од седмицата која здивнуваме од секојдневните обврски и си даваме себе повеќе слобода од инаку.
Таа слобода се гледа во вишокот испиени чаши алкохол или внесување вишок храна поради излегувањето од секојдневниот биолошки ритам.
Викендот е често проследен со мамурлак или интоксикација со храна.
Па затоа пред да ја започнете работната недела направете целосен детокс на организмот и санирајте ги последиците од прекумерено конзумирање на алкохол.
Потребни состојки:
- морков
- грашок
- компир
- црвена пиперка
- кромид
- 300 грама пилешко месо
- сол, зачини по избор
- маслиново масло
Начин на подготовка:
Во длабок сад, додадете маслиново масло и убаво распоредете го по површината.
Кримидот исецкајте го на ситни парчиња и додадете го во претходно загреаното маслиново масло. Пржете на тивок оган 2-3 минути.
Во истиот сад додадете ги претходно исецканиот морков и компирот. Пржете ја смесата заедно 3-4 минути.
Црвената пиперка, исецкајте ја на ситни парчиња и додадете ја во преостанатата смеса.
Во исто време додадете го и грашакот.
Пилешкото месо, посолете го со зачини по вкус, исецкајте го на ситни коцки и додадете го во смесата со зеленчук која е на оган.
Пропржете се заедно 4-5 минути.
Тргнете ја тавата од оган и во длабок сад додадете вода. Претходно запржениот зеленуч додадете го во садот со веќе зовриена вода.
Кога месото убаво ќе се свари, во водата додадете крем супа од печурки.
Мешајте на тивок оган додека смесата не се згудне.
Бенефит:
Ова супа е богата со витамини и минерали кои имаат ќе ви помогнат да ја повратите загубената вода од организмот и значително ќе ја помогнат работата на црниот дроб и имуниот систем.