Цинкот се користи во западната медицина повеќе од 200 години, а многу експерти велат дека овој додаток во исхраната може да помогне во лекувањето на настинка или грип. Но, дали е тоа навистина така?
За жал, нема многу студии за ефикасноста на цинкот како лек, а постојните истражувања не даваат униформни резултати, па сè уште не е познато кој е најдобриот начин да се дозира.
Резултатите од новиот преглед и анализа на 28 различни студии на оваа тема покажаа дека употребата на цинк навистина може да ги ублажи симптомите и времетраењето на вирусните респираторни инфекции, како што се обичната настинка или грип.
–Досега се мислеше дека цинкот помага во спречување и лекување на инфекции само кај луѓе со недостаток на цинк, но нашите наоди го оспоруваат тоа, рече д-р Џенифер Хантер од Универзитетот во Западен Сиднеј во Австралија.
–Две големи студии од Кина покажаа дека употребата на многу ниски дози на цинк во форма на назален спреј го намалува ризикот од клинички болести. Во две помали студии од сличен тип, кои ги проценуваа превентивните ефекти на цинкот, американските научници ги исклучија од студијата луѓе кои имале негов недостаток, додаде таа.
–Сите други студии кои ја проценуваа ефикасноста на цинкот во лекувањето на настинки се спроведени кај популација во која е малку веројатен недостаток на цинк во телото, рече Хантер.
Прегледот на овие студии покажа дека превентивното внесување на цинк резултирало со 28 отсто помал ризик од развој на поблаги симптоми и 87 отсто помал ризик од развој на умерено тешки симптоми на вирусна инфекција.