Во услови на ширење на делта сојот на корона вирусот, неопходно е да се врши ревакцинација со „Спутник лајт“ еднаш во половина година, изјави директорот на националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинкбург. , пишува Танјуг.

Според Гинзбург, ревакцинацијата е многу важна.

– Ревакцинацијата со „Спутник лајт“, според мене, во ситуација кога се појавуваат нови соеви, навистина е неопходна еднаш во шест месеци. Ако има друг вид, ќе видиме дали ќе има некои други карактеристики – изјави рускиот научник за Спутник.

Тој објасни дека на секои шест месеци кај човекот се намалува нивото на антитела на сите туѓи антигени, доколку не е во постојан контакт со нив.