Доколку сакате да го зајакнете имунитетот со исхрана во зимските денови, јајцата се одличен избор, иако можеби не знаете дека содржат еден важен минерал!

Едно големо јајце содржи околу пет до шест проценти од препорачаната дневна доза на цинк.

Јајцата се целосен протеин, односно ги содржат сите девет есенцијални амино киселини и ниту една од нив не може да ја произведе само телото, туку мора да ги внесеме преку храната.

Многу се зборува за јајцата и холестеролот, но запомнете дека холестеролот најмногу се произведува во телото.

Ограничувањето на внесот на храна што ја содржи нема „безбедно“ да го намали нивото на холестерол во организмот, кој ги затнува артериите и влијае на здравјето.

Така, јајцата се одличен извор на цинк за зајакнување на имунитетот, а доколку сакате да го започнете денот со вистинска бомба за имунолошкиот систем, за појадок направете омлет со пиперка, која е полна со витамин Ц.