Собранието денеска ќе ја продолжи 20тата седница во рамки на која четврт ден ќе се расправа по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на државниот Буџет за 2020 година, односно вториот ребаланс годинава.

Според власта вториот ребаланс на Буџет е потребен поради соодветен одговор кон вториот бран на пандемијата предизвикана од КОВИД19 и за воведување на четврт пакет на антикризни мерки во висина од 470 милиони евра.