И покрај бројните медицински и технолошки достигнувања, човекот досега не успеал да произведе совршен производ како што е медот.

Медот помага при побрзо заздравување на раните, болести на цревата и желудникот, треска, а може да се користи и како средство за чистење.

Во народната медицина, медот е сè уште основа на природно заздравување.

Ние ви донесуваме три причини зошто секое утро треба да започне со пијалок со мед. Резултатите ќе бидат видливи наскоро …

  • Чистење на токсини

Медот и водата се добра комбинација за плакнење на организмот од сите штетни натрупани честички и токсини. Збогум отрови, и добредојде на детоксикација.

  • Мека и сјајна кожа

Медот ја обновува и ја храни кожата, па затоа е мек на допир и изгледа убаво.

Исто така, привлекува, задржува влага и ги смирува иритациите, што ја прави идеална состојка за производи кои ја хранат чувствителната кожа.

  • Губење на тежина

Постојат бројни студии кои ја потврдуваат приказната дека медот е добра храна за губење на вишокот килограми и дека со конзумирање мали количини на мед, нивото на шеќер во крвта паѓа, а не се зголемува.