Софија ја цени брзата акција на Скопје против провокациите. Овој став бил изнесен на денешниот состанок на в.д. македонскиот амбасадор во Софија во Министерството за надворешни работи, јави агенцијата „Бгнес“.

На состанокот во Министерството за надворешни работи, бугарската страна соопшти дека ја цени брзата акција на скопските власти во случајот на палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи против членовите на бугарската влада – пренесе „Бгнес“.