Актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов утринава му го честитал реизборот на Зоран Заев за претседател на партијата СДСМ.

Во нивниот телефонски разговор тие се осврнале и на дипломатските односи помеѓу двете земји и како што стои во соопштението на македонскиот премиер се согласиле дека проблемите треба да се решаваат во духот на пријателство и добрососедство.

Денеска имав телефонски разговор со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Му се заблагодарив за честитките што тој ги искажа за мојот реизбор за претседател на СДСМ и му посакав успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија и просперитет на бугарскиот народ.

Се согласивме дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство.

Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ, стои во објавата на фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев.