Името на Махса Амини, којa полицијата ja уапси на 13 септември, а почина во болница три дена подоцна, е означено од над 650.000 луѓе на Инстаграм. Иранките се обединуваат во протести на социјалните мрежи, а нивните паметни телефони и пристапот до интернет станаа нивно оружје против грозоморниот режим.
#Иранска револуција
На 16 септември почина 22-годишната Махса Амини. Полицијата ја уапсила во центарот на Техеран.
Причина за апсењето е неправилно врзана марама, која не ја покривала косата. Според очевидци на инцидентот, Махса била брутално претепана во комбето, а потоа одведена во полициска станица, каде што се онесвестила и паднала во кома.
22-годишната девојка била хоспитализирана, а по три дена починала без да се разбуди од кома.
Протестите, ги водеа првично главно жени, фокусирани на укинувањето на условот за шамија, а сега се претворија во бунт низ целата земја. Денеска, мажи и жени, работници и познати личности учествуваат на масовни протести, извикувајќи револуционерни слогани на универзитетските кампуси и танцувајќи на улиците, палејќи хиџаби во јавност и шишајќи ги своите фризури.