Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека барањето на Хрватска да се запре испораката на руска нафта во Србија преку Јанаф, како дел од новиот пакет санкции на ЕУ против Русија, е отворен чин на непријателство на Хрватска кон Србија.

Оваа одлука промени се. До вчера мислев дека Вучиќ ќе биде во Прага под притисок и под оган, а денес по оваа срамна одлука на која инсистираше Хрватска, Вучиќ жестоко ќе одговори, денес ќе видат кој е Вучиќ и колку е силен и решителен. Мислам дека до сега не го виделе Вучиќ… Вучиќ кој има силни аргументи, со кои ќе им ги покаже сите срања. Дека исклучуваат некои членки на Унијата од пакетот санкции, но дека не ја исклучуваат Србија на експлицитно барање на Хрватска. Со тоа и нанесуваат директна финансиска штета на Србија, нашата земја, економијата и граѓаните, вадејќи од нивните џебови стотици и стотици милиони евра – рече Брнабиќ гостувајќи во Утринската програма на ТВ Хепи.

Премиерката на Србија додава дека ова е отворен чин на непријателство на Хрватска кон Србија.

Се за што Европската унија ја критикува Русија, тоа ни го направија вчера. Претседателот Вучиќ денеска околу 18 часот има средба со Фон Дер Лајен и што може да им порача, на Европската Унија. Во Велика Британија 250.000 компании згаснаа во првата половина од годината, кога имате силна економија како Британија и тоа се случува, а тоа и го правите на земја како Србија. Зошто, затоа што бараме некој да одговара за убијци на деца после 27 години. Некој мора да одговара, тоа е основна европска вредност, а вие ни воведувате санкции поради тоа – рече премиерката која рече дека утрово неколку пати разговарала со претседателот пред да замине за Прага.