Бејамин Лист и Дејвид Мекмилан се добитници на Нобеловата награда за хемија за 2021 година за развој на асиметрична органокатализа, објави денеска Комитетот за Нобелова награда.

Нобеловата награда во оваа област ја доделува Кралската шведска академија и се состои од златен медал и парична награда од 10 милиони шведски круни или 1,1 милион долари.

Паричниот износ на наградата доаѓа од наследството што го остави креаторот на наградата, шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел, кој почина во 1895 година.

Минатата година, Нобеловата награда за хемија им припадна на Емануел Шарпентие и Џенифер Дудна за развој на метод за модифицирање на геномот, познат како CRISPR.