дома информација вест Авиосообраќајот оди во заборав поради пандемијата

Авиосообраќајот оди во заборав поради пандемијата

Патничкиот сообрачај е скоро целосно запрен поради пандемијата со коронавирусот.

383
0

Пандемијата на корона вирусот речиси целосно го запре патничкиот сообраќај во Европа во вториот квартал од оваа година.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според податоците на Евростат, бројот на патници на летовите во скоро сите земји на ЕУ се намалил во тој период за 97-98 отсто, во споредба со истиот период минатата година.

На територијата на ЕУ најтешко поминаа Шпанија, Словачка и Словенија со пад на бројот на патници од 99 проценти.

Шпанија е најпогодена земја со 61,6 милиони патници помалку во вториот квартал од оваа година отколку во истиот период лани.

Според бројките следат Германија со 59,1 милиони, Франција со 44,2 и Италија со 42,6 милиони помалку патници во авионите.

Анализата на Евростат опфати и две земји од Западниот Балкан – Македонија, која држи неславен рекорд – со 2.738 патници во вториот квартал годинава за разлика од лани кога се превезени 602.715 патници, што е пад од околу 600.000, а што се толкува како пад од дури 100 отсто и Србија, каде што бројот на патници се намали за околу милион и пол, што е за 94 проценти помалку отколку во истиот период минатата година.