Пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието денеска постави транспарент со кој побара оставка од собранискиот спикер Талат Џафери. 

Поводот за барање на оставка од Џафери е судио снимка која проциркулира во јавноста и на која се слуша како претседателот на Собранието, Талат Џафери со погрдни зборови и висок тон се обраќа на вработени во Собранието.

Со јасна алузија на неговите изговорени зборови за кои сведочи и аудио снимката на транспарентот е запишано: Бегај бе таму, хеј сус.

Според пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ ваквото однесување е недозволиво и го повикаа Џафери да си даде оставка.