Обраќајќи им се на кинеските новинари, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека тој и министерот за здравство, најверојатно, кога е можно, ќе добијат кинеска вакцина против коронавирус.

Вучиќ ова го изјави на аеродромот „Никола Тесла“, по пристигнувањето на милион дози од кинеската вакцина Синофарм.

Осум контејнери со 125.000 вакцини беа доставени денес во Србија.

Како што објави кризниот штаб, Агенцијата за лекови веќе започна со постапката за контрола дали вакцината ги исполнува сите стандарди и се очекува „доколку успешно помине“, вакцинацијата да започне во недела или понеделник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде