Русија разви имунитет на стадо против ковид-19 и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите земји, изјави вчера шефот на Руската федерална служба за надзор на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот, Ана Попова.

Нашата економија функционира, сите индустрии функционираат, научивме да работиме и развивме имунитет на стадото и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите – рече Попова за време на сесијата со водечките епидемиолози и вирусолози.

Таа рече дека Русија во моментов е на 60 место во светот според бројот на заразени на 100.000 жители.