Секој претходен и секој следен ден треба да ви бидат исти. Тоа е формулата за успех.

Дури и кога постојат промени во дневните рутини, тие треба добро да се испланираат – кога да се случат, како, кога да завршат и сл.

Многу е важно да воведете организација во секојдневниот живот еве зошто:
кафе
Утринското кафе секогаш пијте го во точно определено време!
  • Отстапките може многу да ве чинат 

Ако направите преседан од вашите дневни рутини, тоа може да ве чини губење на ориентир.

Ќе ви треба уште многу време да воспоставите баланс и да го исполните долгата листа на обврски.

Затоа не отстапувајте од тоа што го правите секој ден и ќе бидете во совршена организација преку која ќе постигнете се.

  • Одморот е дел од работата

Одморот е важен за вашето добро здравје и полнење на енергија.

Но не смее животот да ви се сведе само на одмор. За да има одмор, мора да постои и умор.

Отсуството на обврски ќе ви донесе досада во животот, а тоа може да ве однесе кон сосема погрешен пат, како што се например пороците што краткотрајно ќе ви создаваат возбуди.

Затоа одморот сфатете го како дел од работата, а не како нешто кон што треба да се тежнее.

  • Континуитет 

Ако секое утро се будите во точно определено време, јадете во точно определено време, работите во определено време, тренирате и излегувате во точно определено време тогаш имате континуитет, а не монотон живот.

Различностите направете ги во меѓупросторот, за тоа не мора да ја менувате дневната листа.

Вашата креативност искористете ја максимално таму каде што треба, без да губите залудно време, на тоа што да направите следно.