Зелените цвеќиња од брокула, кои можат да се јадат свежи, во супа или да се подготват како чорба, се вистинско богатство на здравјето.

Еден од највпечатливите квалитети на оваа храна е тоа што има силни антиканцерогени својства.

Научниците откриле дека брокулата ја зголемува количината на ензими кои му помагаат на организмот да се ослободи од штетните и канцерогени материи.

Покрај тоа, активните супстанции што ги содржи ги убиваат абнормалните клетки.

Брокулата спречува стрес

Антиоксидансите во брокулата го намалуваат ризикот од оксидативен стрес во организмот, со што се спречува формирање на високо реактивни молекули на кислород што можат да предизвикаат хронично воспаление.

Брокулата е добра и за здравјето на црниот дроб, бидејќи помага при излачување на токсични материи. Затоа, на оние кои претеруваат со газирани сокови, кафе или алкохол, им се советува овој зеленчук често да го имаат на маса.

Добро е за црниот дроб, бидејќи лачи токсични материи. Бидејќи брокулата е богата со витамин Б2, исто така им помага на очите да се прилагодат на светлосните промени.

Недостаток на овој витамин може да доведе до бројни воспаленија на очите, заматен вид и замор на очите.

Покрај тоа, истражувањата покажаа дека доволен внес на витамин Б2 спречува развој на катаракта или спречува нејзина прогресија.

Научните истражувања исто така потврдуваат дека хранливите материи од брокулата го подмладуваат организмот и на тој начин го штитат од развој на дегенеративни заболувања на зглобовите, деменција и кардиоваскуларни заболувања.

Позитивно влијаат и на одржување на здравјето на кожата и го намалуваат појавувањето на брчки.