Кефир е медицински пијалок, комбинација на квасец и бактерии, кои уште се нарекуваат и „зрна кефир“ и се хранат и множат во млеко без рок на траење.
Оваа комбинација на состојки го прави овој пијалок најдобар пробиотик, кој се користи со векови за подобро функционирање на желудникот и цревата.
Пробиотиците во кефирот се „добри бактерии“ слични на оние кои природно се наоѓаат во дигестивниот систем.
Потекнува од Кавказ, регион на границата на Азија и Европа.
Денес најголеми производители на кефир во светот се Полска и Русија, како и Шведска, Норвешка, Финска и Германија.
Од неговите почетоци до денес, кефирот најмногу се произведува од кравјо, козјо или овчо млеко.
Сепак, може да се произведува и со билни пијалоци како кокос, соја и оризово млеко.
Кефирот е исто така добар извор на хранливи материи.
Чаша обичен кефир содржи само 110 калории, а богата е со фосфор, калциум, витамин Б12, рибофлавин, магнезиум и витамин Д.