Најмногу реакции предизвика Членот 37, кој ги обврзува сите производители во земјава своите продукти освен на македонски да ги бележат и на албански јазик. Документите кои треба да се коригираат се декларациите, сертификатите, гарантните листови, упатствата за склопување и користење на производот, како и листата на овластени сервиси.

Дел од производителите се жалат дека не биле информирани за новата обврска, а промената на амбалажата ќе им донесе дополнителни трошоци.

Од пазарен инспекторат смируваат. Казни сé уште не се пишуваат, засега само ги информираат трговците за новите обврски. Објаснуваат дека производите кои се веќе на рафтовите нема да се враќааат назад за да им се залепат нови етикети.

Тие треба да имаат период на усогласување затоа што овие затекнати производи не можат да се отворат и повторно да се печатат. Невозможно е тоа да се спроведува во моментов, особено кај прехранбените производи. Треба и производителите и увозниците да се усогласат. Ќе се консултираме со министерството за економија за да видиме кога ќе биде можно ова да биде усогласено. Ова е обемна работа што треба да се заврши кај сите. велат од ДПИ.

Инаку законот јасно ги утврдува и датумите кога ќе може да има сезонско намалување на производите. „Акција“ во салони за мебел, маркети… ќе може да трае најмногу 30 дена, а „промоција“ пак само 8 дена. „Распродажба“ дозволена е само доколку трговецот престанува да работи или пак го сели салонот.

Казните за непочитување на законот се движат од 500 до 10.000 илјади евра, но и забрана за вршење на дејноста.