Шкотска премиерката Никола Старџон се извини откако ги прекрши мерките за борба против коронавирусот, соблекувајќи ја маската по еден погреб.
На фотографијата објавена во шкотскиот „Сон“ се гледа како Старџен разговара со три жени во еден бар, држејќи се на дистанца, но без маска.
Епидемиолошките мерки во Шкотска го прават задолжителното носење на маската во затворено, освен на маса, а маската мора да се носи додека гостите се движат.
Старџен присуствувала на погребот на владин службеник, пренесува Гардијан.
– Кратко ја соблеков маската. Тоа беше глупава грешка и навистина ми е жал – рече премиерката. Таа додаде дека секој ден размислува за важноста од носење маска и затоа сака да се извини. Згрешив и жал ми е, рече Старџен.