Истражувачите од Државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек што се зема орално и во рок од 24 часа спречува заразени лица да го шират коронавирусот на здрави луѓе.
Лекот за кој станува збор е МК-4482 / EIDĐ2801, попознат како молнупиравир, кој целосно го запира можното пренесување на ковид 19 на други луѓе за еден ден.
Тимот беше предводен од д-р Ричард Племпер, кој исто така откри дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси.
–Ова е прва демонстрација на лек кој исклучително брзо го блокира пренесувањето на САРС-КоВ-2. Ова може да биде пресвртница – рече Племпер.
Запирање на ширењето на вирусот сè додека не се случи масовна вакцинација на планетата би спречила катастрофални последици што веќе ги остави пандемијата.
– Забележавме дека лекот МК-4482 / EIDĐ2801 донесе цела низа активности против респираторни РНК вируси и дека третманот на заразени животни давајќи им го лекот орално, драматично го намалува пренесувањето – рече Племпер.