Група британски и американски научници утврдиле дека поради влијанието на хормоните на жените им е потешко да ослабат отколку на мажите.
Во некои делови на светот, дебелината е двојно почеста кај жените отколку кај мажите, според Светската здравствена организација (СЗО).
Една нова студија открила дека клучот лежи во хормоните одговорни за контрола на апетитот, физичката активност, потрошувачката на енергија и на крајот губење на тежината.
Тоа се про-опиомеланокортински пептиди кои се произведуваат во делот на мозокот вклучен, меѓу другото, во процесот на согорување на калориите.
Експериментите спроведени врз животни покажаа дека влијанието на овие хормони зависи од полот, пишува стручното списание Молекуларен метаболизам.
Според СЗО, 1,4 милијарди луѓе имаат прекумерна тежина.