Софија ја цени брзата акција на Скопје против провокациите. Овој став бил изнесен на денешниот состанок на в.д. македонскиот амбасадор во Софија во Министерството за надворешни работи, јави агенцијата „Бгнес“.
– На состанокот во Министерството за надворешни работи, бугарската страна соопшти дека ја цени брзата акција на скопските власти во случајот на палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи против членовите на бугарската влада – пренесе „Бгнес“.