Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најавува дека првите граѓани на Европа ќе бидат вакцинирани против Ковид-19 пред крајот на декември оваа година.
Во својот говор пред Европскиот парламент, Лајен предупреди дека и покрај „светлото на крајот од тунелот“, не смее да има брзо олеснување на мерките воведени против ширење на вирусот.
–Ситуацијата со пандемијата е сè уште сериозна. Со скоро 3.000 смртни случаи на ден, КОВИД-19 беше број еден причина за смрт во ЕУ минатата недела. Болниците се уште се под притисок, знам дека сопствениците на продавници, шанкерите и келнерите сакаат укинување на ограничувањата, но не смееме да ги повторуваме истите грешки. Премногу брза и премногу релаксација го ризикува третиот бран по Божиќ – рече фон дер Лајен.
Урсула фон дер Лајен нагласува дека овој Божиќ во ЕУ ќе биде поинаков и потивок, но дека има и добри вести.
–Европската комисија досега има обезбедено договори со шест компании. Првите европски граѓани би можеле да бидат вакцинирани пред крајот на декември. Конечно, има светлина на крајот од тунелот – вели фон дер Лајен.
Таа ги повика земјите-членки веднаш да подготват логистика за распоредување на милиони дози вакцини, што вклучува милиони шприцеви, ладилници, организација на центри за вакцинација и обука на персоналот.