Светската здравствена организација соопшти дека ширењето на вирусот на глобално ниво забави во текот на претходната недела, иако бројот на смртни случаи продолжи да расте, со над 67.000 нови смртни случаи, како што беше потврдено во споменатиот период.

СЗО соопшти дека, иако претходно забележа тренд на опаѓање на бројот на нови инфекции, Европа сè уште е меѓу регионите со најголемо учество на нови случаи на заболувања и нови смртни случаи, пренесува АП.

Во Европа, минатата недела бројот на новоинфицирани падна за шест проценти, додека претходната недела тој број беше десет проценти, а податоците покажуваат дека мерките за карантин донесени низ целиот континент даваат резултати.

Сепак, Европа сè уште е регион каде што се регистрирани половина од вкупниот број на лица заразени со корона во светот.