Директорот на СЗО за Европа, Клуге процени дека ако 95% од луѓето носат маски, „строгите мерки не би биле потребни“.
– Сепак, се проценува дека околу 60 проценти од луѓето во Европа носат маски, можеби дури и помалку, па затоа е тешко да се избегнат ограничувачките мерки – смета Клуге.
Тој нагласи дека над 80 проценти од европските земји забележале зголемување на бројот на пациенти на 100.000 жители.