На предлог на Совет за безбедност, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски вчера прогласи кризна состојба во траење од 30 дена.

Кризната состојба треба да помогне во побрзо и поефикасно менаџирање на човечките ресурси потребни во справување со КОВИД19, намалувајќи ги административните процесдури за мобилизација на кадарот.

Капацитетите на прватните клиники исто така ќе се користат во време на кризната состојба, а на располагање ќе се стави и медицински персонал кој моментално се наоѓа во служба на АРМ.