При уредувањето на трпезариската соба често се прашуваме која форма на маса е вистински избор за тој дел од домот.
Најчесто избирани се тркалезна или правоаголна трпезариска маса.
Секоја од формите има своја предност и е компатибилна со дизајнот на просторот во кој треба да се смести трпезариската маса.
Кога да изберете тркалезна, а кога правоаголна трпезариска маса?
Тркалезна маса
Доколку вашата трпезариска соба е споена без ѕид со вашата дневна соба и кујна, тогаш тркалезна маса е идеално решение за таков простор.
Тркалезните маси прават подобра организација на поросторот бидејќи заземаат помал простор, а собираат повеќе луѓе околу масата.
Правоаголна маса
Доколку имате голема трпезариска соба која е одделена од вашата кујна или дневна соба, тогаш правоаголна голема маса треба да го зазима центарот на трпезариската соба.
Правоаголната маса зазема поголем простор, но пружа подобра организација на работите кои се наоѓаат на самата маса.