Претседателот Стево Пендаровски од почетокот на спорот со Бугарија прв ги истакна своите црвени линии и нагласи дека нема да се коцка со македонскот национален идентитет и јазикот.
Во интервју за автриска телевизија тој потенцираше дека Договорот за добрососедство потпишан помеѓу Македонија и Бугарија не предвидувал дискусија за етничко потекло и јазик.
Тој исто така нагласи дека, односот на Бугарија е спротивен на европските вредности и ја осуди Бугарија како држава членка поради начинот на застапување на европските вредности.