Во кумановската болница се хоспитализирани 67 пациенти со КОВИД19.
Дел од пациентите се сместени во новиот КОВИД2 центар, односно пренасоченото психијатриско и невролошко одделение за потребите на инфективното одделение.
Од општа болница Куманово, за МИА информираат дека засега не се проблем сместувачките капацитети, туку недостатокот на стручен медицински персонал во третирање на болните од КОВИД19.