Експертот за безбедност на храна Бил Марлер ги наведе прехранбените производи кои се најмногу подложни на инфекции и расипувања.
Пред-сецкано овошје и зеленчук
Сечењето и пакувањето се „совршен начин за размножување на сечињата“, вели Марлер. Колку повеќе луѓе ја допираат храната пред вас, толку е поголема можноста за инфекција.
Дождовница и вода од реки и езера
„Сè од што може да се разболите е во нефилтрирана вода“, рече Марлер. Нелекуваната вода скоро секогаш содржи животински измет од кои многу лесно можете да заработите варење, но и поопасни болести. Таквата вода ги шири ешерихија коли и хепатитис А, што може да има смртоносни последици.
Необработено брашно
Повеќето луѓе мислат дека брашното е обично безопасно, но всушност е одличен носител на бактерии. Сурово, непреработено брашно има доза E. coli. Марлер вели дека повеќето луѓе сметаат дека најголемиот проблем кај суровото тесто е необработено јајце, но тоа е всушност и необработено брашно. Најголемиот проблем е што дури не мора да го јадете, суровото брашно може да ве зарази дури и ако го користите.
Сурово месо
Марлер тврди дека месото треба да се третира термички на температура поголема од 160 степени со цел да се убијат сите бактерии.
Сурови јајца
Досега епидемиите на салмонела најмногу нè научија дека јајцата секогаш мора да се обработуваат и само тогаш да се консумираат. Марлер го препорачува истото.
Непастеризирано млеко и сок
Слично како и конзумирање вода од езера или дождовна вода, во последно време на луѓето им се препорачува да пијат што повеќе непастеризирани пијалоци бидејќи така наводно внесуваат повеќе хранливи вредности во организмот.
–Нема смисла да се пие пијалок што може да содржи бактерии, вируси и паразити, ако сето тоа може да се избегне со едноставен процес на пастеризација – тврди Марлер.