За неговата месечна молитва за ноември, папата Фрањо, меѓу другото, се молеше развојот на вештачката интелигенција да биде во корист на човештвото, пренесува Аксиос.
–Се молиме напредокот на роботиката и вештачката интелигенција секогаш да му служат на човештвото, гласеше неговата намерна молитва за ноември, која се објавува секој месец на светската мрежа за молитви на Папата.
Претходно во февруари, Ватикан организираше самит, на кој присуствуваа IBM и Microsoft, и на кој се дискутираа за начините за дизајнирање вештачка интелигенција што ќе бидат насочени кон благосостојбата на луѓето.
Формулиран е и „Римскиот повик за етика за вештачка интелигенција“, кој повикува на развој на автоматизација и дигитализација „со фокус на благосостојбата на животната средина и нашиот заеднички дом“.
По самитот, Папата предупреди дека развојот на овие технологии може да ги влоши постојните економски нееднаквости, но изрази и надеж за „големиот потенцијал што го нудат новите технологии“.