Актерот Хју Грант (60) е еден од омилените ликови од романтичните комедии, благодарение на што се стекна со холивудска слава, поради што го нарекуваат „крал на романтичните комедии“.
Сепак, и покрај тоа што го прославија, британскиот шармер открива дека тие всушност се една голема лага.
Оваа изјава сигурно ќе ги разочара фановите на Грант, но и сите оние љубители на овој жанр во кој љубовта секогаш го наоѓа својот пат на крајот.
Сакајќи да покаже дека не е сè во животот толку совршено како во филм, особено во романтичните комедии на кои претежно е приврзан, Хју би сакал да снима продолженија на некои од неговите успешни филмови.
Неговите најуспешни дела и филмови кои се гледаат одново и одново се „Четири венчавки и погреб“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Всушност љубов“ и можеби најпопуларниот „Нотинг Хил“, во кој глумеше заедно со Џулија Робертс.
–Сите мои врски во филмовите беа всушност катастрофа, а романтичните комедии како жанр се само лага, рече Грант во интервју за „Collider“.
–Би сакал да снимам продолженија на моите успешни романтични комедии кои ќе ја откријат вистинската вистина и ќе го срушат тој жанр. Да им покажам на луѓето како завршуваат тие ликови, мислам дека тоа е одлична идеја, заклучи Хју.