Иако на официјалниот сајт на владата беше објавено дека почнувајќи од понеделник 2, ноември, границите со Србија и Албанија ќе бидат отворени за македонските граѓани да ги минуваат без негативен ПЦР тест, сепак на границата службениците ќе ви кажат дека станува збор за дезинформација.

По состанокот на премиерот Заев со лидерите на Србија и Албанија на официјалната страна на владата излезе соопштение дека лидерите се договориле, во понеделник да се случи целосно отворање на границите помеѓу трите држави.

Сепак, доколку се обидете да ја поминете границата без негативен ПЦР тест ќе ви кажат дека тоа е дезинформација и дека одлуката ќе стапи на сила дури на 10 ноември.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде