Во 2018 година, започна експеримент во компанијата „Перпетуал Гардијан“, законски супервизор и доверител со седиште во Нов Зеланд, за утврдување дали би можело да се добие подобра продуктивност од вработените во замена за четиридневна недела, со плата од пет дена.

Ова е наречено правило 100: 80: 100 – – 100% плата, 80% време, 100% продуктивност.

Независно истражување покажа дека резултатите за ангажман на персоналот се подобриле за 40%, нивото на стрес опаднало за 15%, а вработените пријавиле дека е полесно да ја вршат својата работа работејќи четири дена отколку пет.

Продуктивноста е подобрена за 25%.

Немав пошироки аспирации отколку да видам дали ова ќе работи во мојата компанија. Ако резултатите беа позитивни, јас бев подготвен трајно да ги воведам.– Изјави сопственикот на компанијата каде што се вршеше истражувањето


На наше изненадување, приказната за нашиот експеримент предизвика огромен интерес ширум светот. Јасно е дека овој ентузијазам произлегува од едноставниот факт дека начинот на кој работиме повеќе не е погоден за целите на 21-от век, и ова ги надминува границите и културите, додаде тој.

Ова е одговор на „секогаш вклучената“ култура на модерниот живот, каде што работата навлегува во нашите домови и слободно време.

Императивот на потреба од двајца возрасни партнери во едно семејство да се занимаваат со платена работа доаѓа на сметка на времето посветено на одговорностите за семејна грижа, или едноставно да ги наполниме нашите сè повеќе потрошени батерии.

Ова се претвора во „тивка“ пандемија на токсичен стрес и ментално здравје.

Студиите покажаа дека редовно работење со долги денови може да ги зголеми шансите на вработените да доживеат мозочен удар, да развијат срцеви заболувања и да доживеат депресија и анксиозност.

Влијанието врз нашата планета е исто така акутно; нашите градови се сè повеќе зафатени, со сè подолги патувања поради недостапното домување, што пак придонесува за значително зголемување на емисиите на јаглерод.