Пандемијата на коронавирус силно ја погоди австриската економија, па следната година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади компании, како и продолжување на трендот на висока невработеност.
Поради короната, австрискиот јавен долг годинава ќе се зголеми од 70,5 проценти на 84 проценти од бруто домашниот производ (БДП), додека следната година ќе се зголеми на 84,8 проценти, а во 2022 година на 85 проценти.
За да се надмине корона-кризата, австриската Влада стави на располагање 50 милијарди евра, а добар дел од тие пари се обврски и одложувања на данок.