Сите бои влијаат на расположението, како и на страста и желбата за водење љубов.

Ако сакате повеќе секс, можеби е време да земете четка и да ја обоите просторијата во друга боја!

Ова се бои кои, ја „будат“ страста или ја „гаснат“, па затоа треба да ги избегнувате или застапувате во вашата спална соба!

Боја на карамела

Иако спалните соби се обично бели или беж, ѕидовите треба да бидат малку посилни, како карамели. Топлите бои не опуштаат, а истражувањето спроведено во 2014 година покажа дека луѓето со спални во боја на карамела имаат почесто секс.

Виолетова

Истражувањето спроведено во 2012 година покажа дека луѓето кои имаат виолетова спална соба, или виолетова постелнина, имаат секс околу 3,5 пати неделно.

Сива или беж

Тие навистина не се добар избор, бидејќи луѓето чии простории се обоени во тие бои имале секс, во просек, едвај малку повеќе од еднаш неделно.

Бело

Ако вашата спална соба е бела, таа боја е смирувачка. Вие сигурно спиете одлично, но можеби немате премногу „акција“. Обидете се да вклучите во него детали за споменатите бои кои ја зголемуваат желбата за водење љубов.