дома животен стил Вазна со цвеќе или ароматична свеќа?

Вазна со цвеќе или ароматична свеќа?

Неколку причини за избор на ароматична свеќа пред вазна со цвеќе

801
0

Вазна со цвеќе и ароматична свеќа се чест додаток во просторот каде што претојуваме, без разлика на тоа дали е угостителски објект, објект за домување или деловен простор.

Тие имаат декоративна улога, односно служат да го разубават просторот и да го зголемат пријатното чувство за време на престојот.

Сепак, пред нас често се исправува дилемата дали да избереме вазна со цвеќе или ароматична свеќа за просторот каде што претојуваме.

Ви наведуваме неколку причини за избор на ароматична свеќа пред вазна со цвеќе:

Миризба

Цвеќето и ароматичната свеќа се употребуваат за ширење на пријатна миризба низ просторот. Ароматичните свеќи се поефикасни во сузбивање на други непријатни миризби, а најчесто се користи против лошата мирзба предизвикана од чад од цигари.

Светлина

Ароматичните свеќи освен што се извор на пријатна миризба, тие може да се употребуваат и за осветлување на мали површини. Во одредени прилики може да се доволно светло за целиот простор. Минималното светло од ароматичните свеќи има релакцирачно дејство врз умот.

Иновативност

Ароматичните свеќи се потрошен материјал и можете редовно да ги менувате. Па да ставате ароматични свеќи во различни бои и големини со што постојано ќе го освежувате просторот. За разлика од ароматичната свеќа, вазната не е потрошен материјал и неа може да не ја смените со години. На тој начин автоматски ви се скратени можностите за освежување на просторот преку декоративните елементи.