дома животен стил Најчести заблуди за вечерата

Најчести заблуди за вечерата

Вечерата е нормален дел од секојдневните оброци, но се чини дека најмногу заблуди кружат токму за вечерата

1020
0

Ако јадете обилна вечера ќе имате проблем со вишок килограми, ако јадете доцна може да патите од нарушување на сон, се прават списоци од храна која треба да се конзумира пред спиење како овошна салата или супа.

Но дали овие широко прифатени уверувања се вистинити или станува збор за митови?

Неколку најчести митови што се поврзани со вечерата:

white ceramic plate on brown wooden table

Вечерата треба да се избегнува

Вечерата како и другите оброци не треба да се избегнува, напротив таа треба редовно да се конзумира. Важно е само да имате стандарден термин кога го земате вашиот оброк. Па така ако секој ден вашата вечера ја јадете во 6, потрудете се секој нареден ден да ја задржите истата навика.

На тој начин организмот ќе создаде внатрешен стабилен биоритам и нема да имате потешкотии во варењето.

Вечерата треба да се состои од овошна салата или супа

Ако секој втор ден јадете само овошна салата и само супа, тогаш ќе го осиромашите диверзитетот на состојки застапени во вашиот организам.

Овошна салата не е добар избор за вечера, од причина што содржи големи дози на фруктоза или глукоза, кои може да ви даваат дополнителна енергија пред спиење и да го пореметат вашиот сон.

Супата исто така може да биде погрешен избор особено ако во неа има многу тестенини или кнедли што содржат високо ниво на калории.

Вечерата не треба да биде обилна

Постои потребна доза на калории за вашиот организам, што доколку не сте ја внеле во текот на целиот ден, ќе треба да ја внесете преку вечерата.

Затоа, наместо да се оптеретувате со тој мит, секако дека треба да земете обилна вечерата доколку сте многу гладни.

Чаша алкохолен пијалок со вечерата го подобрува квалитетот на сонот

Ова е уште еден мит кој наишол на голем број подржувачи. Алкохолот пред спиењето никако не се препорачува ниту во мали или умерени дози.

Можеби чашка алкохол ќе ви помогне да заспиете побрзо но значително ќе го намали квалитетот на вашиот сон, ниту ќе се одморите, ниту од постела ќе станете свежи.