дома информација вест Не сме единствени со неверојатни учебнички грешки: Во учебник по геофрафија БиХ...

Не сме единствени со неверојатни учебнички грешки: Во учебник по геофрафија БиХ се нарекува „Република“

Учениците од БиХ учат дека Босна и Херцеговина е „Република“

1603
0

По помалку од една недела, откако на социјалните мрежи се појави мапата од работната книга за трето одделение, од српски јазик, објавена од „Нови логос“, на која наместо Норвешка е означена Шведска, родителите се побунија против уште една неверојатна грешка во учебникот.

Тој е истиот издавач, овојпат со различен учебник.

Станува збор за географија за седмо одделение, каде што во насловот, Босна и Херцеговина е наречена „Република Босна и Херцеговина“. Ова вознемири некои родители од Република Српска.

  • Во времето на потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор се водеше жестока битка за да нема еден збор во името на Босна и Херцеговина што ќе биде поврзан со создавање на државата. БиХ се состои од два ентитета: Федерацијата БиХ и Република Српска. Ваквите грешки можат да бидат многу опасни и да алудираат на постојани обиди за укинување на РС – вели загрижената мајка на тринаесетгодишник.