дома информација вест Масовни и немирни протести против воведување на нови мерки за здравствена заштита...

Масовни и немирни протести против воведување на нови мерки за здравствена заштита во Прага

Полицијата употреби водени топови и солзавец заради сузбивање на групата демонстранти

588
0

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот.

Протестот е организиран беше против новите ограничувачки мерки на владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Најмалку 20 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите, пренесува АП.

Илјадници луѓе присуствуваа на протестот, вклучително и љубители на фудбалот и хокејот, кои протестираа против мерките, како што е забраната за спортски натпревари и затворање на барови и ресторани.

Извор: Нова Македонија