ММФ објави: Корона вирусот економски најмногу оди во прилог на Кина

Сите други земји во рецеси, само Кина ќе забележи голем економски раст годинава

763

Кина ќе биде единствената голема економија што забележа раст годинава, додека поголемиот дел од светот ќе почувствува длабока рецесија поради пандемијата на корона вирус, објави Меѓународниот монетарен фонд.

И покрај отворањето на економиите, глобалниот раст ќе биде во минус од 4,4 проценти, објави ММФ во последниот извештај за светската економија.

Според таа проценка, ова е најтешката криза од Големата депресија во 30-тите години на минатиот век.

Светската економија доживеа раст во третиот квартал, поради што проценката е корегирана за 0,8 проценти во споредба со претходната, што беше уште попесимистичко, објави ММФ.

Извор: Alo.rs